СОНОТ ЗА БЕЛИТЕ
МУГРИ, ПОВОД ЗА СЕКОЈА ТРАНЗИЦИЈА
„ Slogot na razdenuvaweto, na belite mugri, ne mo`e
da bide
izbor!
Koga
toa e dar daden na samiot `ivot.“
Во таа потрага по
почетокот на разденувањето во една праведна хармонична димензија на човечкото
живеење, димензија за која постои автохтоно познание во гносисот на Ромите, тој
му се обраќа на поетот Рацин, автор на „Белите мугри“ и учесник во
транзициониот период на Македонија во првата половина на ХХ век, за да го надоврзе
периодот од втората половина на
ХХ и почетокот на ХХI век со болно сознание дека некој во потрагата по белите
мугри мора да биде колатерална штета, затоа што белите мугри ги има како своја
обврска поради своето познание за доброто и правичното.
„Mora da go izodime patot
na sudbinata
za da bideme del od
svetlinata na Zemjata.“
Преку осумте поглавја во
стихозбирката низ софистициран и високо рефлексивен јазик со многу преносни
значенија во зборот, Јусуф Сулејман го потенцира погрешниот ôд на многуте транзициони
периоди кои не ја оствариле смислата на човековата слобода и сувереност на
секој поединец и колективитет, а поради двојазичноста на ракописот, укажува и докажува дека
јазикот на Ромите може да ги изрази и одрази и најтананите нитки во поетскиот
говор. Особено во циклусот Ранолетните, тој ја посочува потребата од активно
вклучување на секој поединец кој е во состојба да ги гледа белите мугри како
„дар даден на самиот живот“, но не само како личен дар туку како колективен
дар. Поистоветувајќи го потеклото на дарот како дар на „универзалниот извор“
кој им припаѓа на сите, постулат и познание кое е присутно во традицијата на
Ромите. Така и самиот поет влетува во транзиционите обиди според своето
убедување:
„Taka,
gi podadov svoite race
od niv da ti iskovaаt krila na lebed,
da bide{ rosa na izvor,
a ne izgor.“
Но во сите досегашни транзиции, профитерството станува
посилно од сонот и надежта за остварувањето на белите мугри:
„Рekoa nova ~ar{ija,
promeni, nova tur{ija,
pomeni, golemi klanovi,
problemi, a zad niv
nikoj ne stoi.“
Во
транзиционите промени секогаш се случуваат истите нешта:
„Taa,
opozicijata stana pozicija,
sega ja izgubi
privilegijata da zboruva
vo ime na narodot so
novata ~algija,
a uraganskite vetrovi
odnesoa mnogu vekovi...“
Завршувајќи ја стихозбирката со песната насловена како Епитаф,
поетот Јусуф Сулејман недвосмислено укажува на вечната борба помеѓу доброто и
злото во која еден ден доброто мора да победи, бидејќи неговата последна песна во
стихозбирката, Епитаф, не е надгробен натпис туку се состои од по некој стих,
дел или наслов на песна од циклусот Универзален извор, извор кој му припаѓа на
целото човештво, а со тоа и на народот во кој е тој роден.
Целата стихозбирка обилува со симболика
која има своја градација не само во поглавијата и стиховите, туку дури во
содржината на крајот на книгата, оти ако се читаат насловите на циклусите и насловите
на песните следователно, се добива една сублимирана содржина на видувањата на
поетот и неговите пораки.
Ваков приод и начин на опишување на транзиционите
збиднувања, со толкава посебност и универзалност како двојазично авторско
остварување и цивилизациски кôд на размислување, е нешто сеуште недопрено во
македонската и светската литература.
Нема коментара:
Постави коментар