СТОП, ЗНАЕМЕ!
Скопје, година 2017, ISBN
978-9989-938-70-2
(прва песна од вкупно 70)
1.
Со моќта на интернетот секој може
да биде доктор, еколог, политиколог,
полиглот
или
кочничар на Балканот!
Со лапороскопско истражување на владата
помалку ќе истечат фондовите
на некој приватен пазар музите...
Работите се мешаат...
Губиме помалку поим за животот!
Права ноќна мора е емајлот
со права свежа крв од народот!
Не! Тоа е индуцирана хипертензија
која завршува со предвремена пензија...
А мене ми треба дневникот на пролетта!
Поетската збирка „Стоп, знаеме!“, пишуваана во еден здив, во време на политичкиот уличен и собраниски плурализам во Скопје, Бодлеровски го отсликува времето и настаните, жигосувајќи ги и идентификувајќи ги девијантните појави на новонастаната демократија.
Јусуф Сулејман, како добар познавач на општествено
политичките збиднувања и состојби во Македонија и светот, на еден специфичен
начин ја разголува вечната фарса на демократијата која во сегашноста има други
обележја во која обичниот човек, а особено човекот Ром, не може со чесна работа да
си обезбеди пристојна егзистенција. Брановите и клановите во врхушката на
едните и другите го забораваат граѓанинот, обичниот човек, кој е премачкан само
со сопствената пот во борба за преживување.
Нема коментара:
Постави коментар