субота, 17. јул 2021.

HANIK


                                        


Проект за кодифицирање на гласовите во говорниот јазик на Ромите во Македонија, на Балканот и пошироко



Јусуф и Демир Сулејман, се претставници на автентично и достоинствено автохтоното ромско цивилизациско социјално писмено презентирање на изворната мисла како потребно цивилизациско временско интегрирање на Ромите во тековните собитија на планетата Земја. Нивниот книжевен ангажман ја изразува потребната вековна цивилизациска писмена коресподенција на овој народ со времето и просторот на промените: економски, политички, социјални и политичко правни, кои во живеачката на Ромите прават низа промени во духовниот, материјалниот и културниот подем, како и остро соочувања со времето на тие промени и проблеми како вкупност на сиот човечки род.

Двајцата, се автори на голем број на книги од областа на уметничката и есеистичката литература.

Спаѓаат во групата двојазичници, паралелно творат на ромски и македонски јазик.

ХАНИК е нивен заеднички проект со кој преку стихувани брзозборки, сентеции, афоризми, народни мудрости и сарказми, ги кодифицираат гласовите во говорниот јазик на Ромите во Македонија и на Балканот преку веќе прифатеното латинично писмо, но истовремено ја презентираат ромската мудрост која е длабоко вгнездена во космичката и земната мисла на постоењето на човечкиот живот и живеење  како семејно воспитување и образование.

Проектот се состои од 12 книги од по 40 страни, од кои 11 ги кодифицираат гласовите и нивната транскрипција во букви, додека една е посветена на бројките, односно броењето. 

Текстовите се и во превод на македонски јазик, но добрите познавачи знаат дека преводот на ваков вид на литература е специфичен и неможе да ја долови суштината на говорот туку само пораката на изговореното, затоа би било неопходно оваа едиција да се отпечати и како аудио запис.

Оваа едиција може да биде основа за изучување на ромскиот јазик низ едукативниот процес кај помладата популација ако биде соодветно илустрирана, но таа е и еден нов здрав темел за целовито лингвистичко проучување на јазикот на Ромите.

Браќата се родени во градско занаетчиско семејство, кое со генерации имаше свои институционално легализирани занаетчиски работилници, со што тие имаа можност уште како деца да стекнат висок степен на работни навики, општа култура но и познанија за специфичноста на ромската култура, нејзините основни атрибути, права и можности на планетата Земја.

Нивното вклучување во општествениот живот беше заложба и поставување на темелите на вклучувањето на Ромите во општествениот живот во Македонија кое имаше своја цена која тие мораа да ја платат. Но без разлика на времејадите на самото време, таквото ангажирање даде голем придонес и свој силен рефлекс и во творештвото во кое тие го презентираат животот, размислувањето и постоењето на човекот Ром на планетата Земја, на која тој не остварил право на вистински суверенитет, а со тоа ни вклученост на ромскиот јазик и култура во светската глобална ризница на народите.

      

        

          
                

                 
  
                

      
              




 




















Нема коментара:

Постави коментар